„Државните институции и меѓународните партнери имаат информации дека меѓу функционерите на ДУИ владее напнатост и тоа се обидуваат да го прикријат со обиди за дестабилизација во земјава. Но ЦИА тоа нема да го толерира“, одговори Касами на новинарско прашање.
Според него, затоа ДУИ сега е подготвена да соработува со секоко само за да биде на власт. Во Велес ДУИ продолжува со соработката со Левица, во Град Скопје се вратија во власта, а таму важна улога има и Левица.
„Но, тоа што е заедничкиот интерес на ДУИ и на Левица е на штета на граѓаните“, изјави Касами.
Од Вреди упатија и соопштение до медиумите.
„Додека нивните мегафони добиле задача да шират фама дека Али Ахмети наводно е на линија на ЦИА, всушност не само што прават уште еден фаул туку и ја сокриваат суровата вистина. По бојкотот на вториот круг на претседателските избори, непристојните понуди кон ВМРО-ДПМНЕ за влез во владата без никакво достоинство и услови, корупциските скандали на фамилијата на Ахмети, ДУИ стана замрзната партија на неопределено време зашто нема програмски и кадровски реформи. Притоа, јасно им е потенцирано дека секое играње по руски ноти и предизвикување тензии ќе биде најостро санкционирано“, се вели во реацијата и се додава дека и покрај организираните напади и шпекулациите од страна на „Недемократската унија за дезинтеграција“, Вреди продолжува да градиме мостови на соработка на домашно, регионално и меѓународно ниво, доказ за тоа, како што се наведува, е и посетата на првиот заменик-претседател на Владата, Изет Меџити на Албанија