Најдобар на мечот беше Патрик Махомс кој беше прогласен за МВП на финалето. За него ова е трет трофеј во НФЛ и второ признание за најдобар играч на Супербоулот.
Како што и се предвидуваше, одбраните го имаа главниот збор на овој меч. Првата четвртина заврши без ниту еден поен. Во вториот период доминираше тимот од Сан Франциско кој прв поведе благодарение на еден филд гол, а потоа направија и тачдаун за 10-0. До полувремето Чивс успеаа да намалат на 10-3.
По шоуто на полувремето, Чивс тргнаа фуриозно. Прво имаа еден филд гол од неверојатни 57 јарди, а потоа и прв тачдаун на мечот за водство од 13-10. Сан Франциско врати со тачдаун за 16-13, до крајот Чивс успеаа да изедначат на 16-16.
Сан Антонио со филд гол од 53 јарди поведе со 19-16, а Чивс во последниот напад дојдоа на десет јарди од голот на противникот, откако не успеаа да направат тачдаун, погодија филд гол и изедначија на 19-19. Тоа беше резултатот од регуларниот дел, мечот отиде во продолжение.
Во продолжението Сан Франциско го врати водството со филд гол, поведе со 22-19, но Канзас го имаше последниот напад. На три секунди до крајот Махомс успешно го пронајде Хардмен кој реализираше тачдаун за победа од 25-22.
Ова беше прва одбрана на титулата во НФЛ по цели 19 години кога тоа успеа тогаш да го направи тимот на Њу Ингланд Патриотс.
MAHOMES TO MECOLE HARDMAN FOR THE LOMBARDI 😱🤯
(via @NFL)
pic.twitter.com/lPVwGBasQj— Bleacher Report (@BleacherReport) February 12, 2024