За прв пат по 1996, Канада се радува на злато во машката штафета 4×100 на Олимписките игри.
Попладнево во Париз, Канаѓаните ја искористија дисквалификацијата на САД, и во тесна трка први минаа низ целта.
Селекцијата составена од Арон Браун, Џером Блејк, Брендон Родни и Андре де Грас постави време од 37,5 секунди.
Второто место и припадна на штафетата на Јужна Африка со време 37,57 секунди, а бронзата ја освоија спринтерите на Велика Британија со време 37,61.
Во женска конкуренција, САД се врати на тронот откако Ричардсон, Томас, Џеферсон и Тери истрчаа фантастична трка и заслужено стигнаа до злато на 4х100 метри.
Велика Британија освои сребро, а последното место на пиедесталот им припадна на атлетичарките од Германија.