петок, 27 септември 2024

Камала: Путин не може да ги диктира условите за мир

Американската потпретседателка Камала Харис рече дека нејзината поддршка за Украина е „непоколеблива“ и дека секој предлог за прекин на војната што ќе го принуди Киев да отстапи територија е „опасен и неприфатлив“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Харис, која ќе му се спротивстави на поранешниот претседател Доналд Трамп на претседателските избори во ноември, се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа.

Посетата на шефот на украинската држава доаѓа во време кога растат двопартиските поделби во Вашингтон околу Украина, при што Трамп и многу негови републикански поддржувачи изразија длабока резервираност за испраќање дополнителна помош за Украина додека таа се бори против руската инвазија.

„Мојата поддршка за народот на Украина е непоколеблива. Горда сум што стојам со Украина. Ќе продолжам да стојам со Украина и ќе работам за Украина да победи во оваа војна“, рече Харис.

„За да бидат сигурни и просперитетни, Соединетите Држави мора да продолжат да ја исполнуваат својата долгогодишна улога на глобално лидерство“.

Во јасна алузија на својот ривал Трамп, Харис рече: „Има некои во мојата земја кои наместо тоа би ја принудиле Украина да се откаже од големи делови од својата суверена територија, кои би барале Украина да прифати неутралност и би барале Украина да се откаже од безбедносните односи со други нации“.

„Овие предлози се исти како и на Путин“, рече таа. „Тоа се предлози за предавање, што е опасно и неприфатливо“.

Харис ја даде изјавата пред состанокот зад затворени врати со Зеленски. Украинскиот лидер претходно се сретна со американскиот претседател во заминување Џо Бајден.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ