Четири извори блиски на кампањата на Харис кажале за медиумот дека нејзиниот избор е Валц.
Си-ен-ен пишува дека и изборниот штаб на поранешниот претседател и републикански кандидат за претседател Доналд Трамп внимателно ја следи одлуката на Камала Харис, иако тврдат дека не веруваат дека изборот ќе има големо влијание во трката за претседател.
60-годишниот Валц е искусен прогресивен лидер чиј профил би можел да помогне да се освојат државите од средниот запад на САД, вклучувајќи ги Висконсин и Мичиген, што може да претставува најдобриот пат на Харис до Белата куќа, оценува Си-ен-ен.