вторник, 8 октомври 2024
Лига на шампиони

Каква драма во Атина: Хрват го елиминираше Динамо Загреб со гол во 100. минута (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

АЕК се пласираше во плеј-офот во Лигата на шампиони додека пак Динамо Загреб ќе игра во плеј-офот во Лига Европа, во драмтичен реванш во Атина, шампинот на Грција се избори за реми во 100. минута и тоа со голот на Хрватот Домагој Вида.

„Модрите“ и нашиот Стефан Ристовски одиграа одлично, поведоа со голот на Шутало во судиското надополнување на првиот дел, а Љубичиќ зголеми на 0-2 во 65. минута.

И кога се чинеше дека Динамо Загреб ќе оди понатаму, Араухо намали на 1-2 во 92. минута и го врати двомечот во егал.

Сепак драмата продолжи длабоко во судиското надополнување кога АЕК доби пенал. Гарсија биеше од белата точка, Ливаковиќ одбрани но Домагој Вида прв стигна до одбиената топка и со глава погоди за 2-2 и огромна радост.

И додека сите на стадионот се радуваа, Хрватот ги фрли во агонија своите сонародници и поранешен клуб.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ