МВР информира дека вчера во16 часот на автобуска постојка на влез во гевгелиското село Прдејци полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода М.Ѓ.(37) од селото Пакошево, општина Зелениково.
„Во 15.40 часот на регионалниот пат Прдејци – Смоквица, полициските службеници затекнале 24 лица мигранти. По извршен разговор со нив било констатирано дека М.Ѓ. ги превезувал со возило комбе марка форд транзит со гевгелиски регистарски ознаки, со кое запрел на наплатната рампа Смоквица и побегнал. По преземени мерки возилото било пронајдено и во негова близина биле затекнати седум лица мигранти, по што бил пронајден и возачот М.Ѓ.. Лицето било задржано во полициска станица, а мигрантите билe привремено сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, информира МВР.
Фото: Илустрација