Во Мариовскиот крај пожарот е проширен кај селата Кокре, Кален, Дуње, Бонче, Волково, а најактивен е кај Штавица, Крушевица, Пештани и Прилепец. И пожарот на планината Мукос не стивнува. Тука гори мешана шума кај селата Степанци и Ореов Дол.
Во Општина Петровец, кај селата Градманци, Брезница и Катланово гори нискостебелста шума. Во Штип, кај селата Хаџи Хамзали, Едеклерци и Топлик, полигон Криволак гори нискостеблеста шума, смреки и сува трева. Мешана шума гори кај Танушевци, Општина Чучер-Сандево. Активни се и пожарите кај селото Десово, Општина Долнени, селото Рибарци, Општина Росоман, селото Симница, Гостивар и селата Пчиња и Агино село во Општина Куманово.
Под контрола е пожарот во Кочани, каде гори градската депонија.