„Припадниците на единиците на интервентната полиција Ахмат-1 на одделот на Националната гарда на Република Чеченија тргнаа да ги сменат своите браќа во зоната на специјалната воена операција. Во единицата има борци со богато искуство во воените операции“, објави Кадиров на Телеграм.
Чеченскиот лидер потсети дека многу борци во составот на оваа единица претходно биле ангажирани во „специјалната воена операција“, при ослободувањето стратегиски објекти и населби во Донбас.
„Чеченските борци имаат сè што им е потребно за извршување на оперативните мисии, од комплетна борбена подготовка до напредна опрема и вооружување“, порача Кадиров.