„Во рамки на акцијата за собирање кабаст отпад на ЈП Комунална хигиена – Скопје досега беа подигнати и транспортирани 130 кубни метри стар мебел и покуќнина во општината Ѓорче Петров, 170 кубни метри во општина Карпош, 130 кубни метри во општина Центар, како и 150 кубни метри во општина Кисела Вода“, се наведува во соопштението.
Од 25 август 2024 година акцијата ќе продолжи да се реализира во скопската општина Гази Баба.