Украинските медиуми викендов објавија дека шест севернокорејски офицери биле убиени во украински ракетен напад во близина на Доњецк, во источна Украина.
„Оценуваме како многу веројатно дека имало жртви меѓу севернокорејските офицери и војници во Украина“, изјави јужнокорејски министер во парламентот во Сеул.
Јужна Кореја очекува Пјонгјанг да испрати уште војници на украинскиот фронт како поддршка на Русија, која започна воена операција против Украина во 2022 година.