среда, 11 декември 2024

Јужна Кореја: Поранешен министер за одбрана се обидел да се самоубие, претрес на претседателската канцеларија

Јужнокорејската полиција соопшти денеска дека извршила претрес во претседателската канцеларија по неуспешниот обид на претседателот да воведе вонредна состојба во Јужна Кореја, додека поранешниот министер за одбрана се обидел да се самоубие во притвор.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Специјалниот истражен тим изврши претрес во претседателската канцеларија, Националната полициска агенција, Полициската агенција на Сеул и Одделот за безбедност на Националното собрание“, се вели во соопштението пренесено од новинската агенција Јонхап.

Претседателот Јун Сук Јол ги изненади граѓаните со воведувањето вонредна состојба ноќта меѓу 3 и 4 декември, пред да биде принуден да ја укине шест часа подоцна под притисок на парламентот и демонстрантите.

Оттогаш тој избегна отповикување во парламентот, но опозицијата најави ново гласање во сабота.

Поранешниот министер за одбрана, кој беше на функција во времето на краткотрајната вонредна состојба, Ким Јонг Хјун, се обидел да се самоубие во притвор, соопшти затворската служба.

Тој беше уапсен синоќа по распишана потерница.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ