59-годишниот Клинсман во февруари минатата година беше именуван за селектор на Јужна Кореја, тогаш потпиша договор со трајност до крајот на Светското првенство 2026 година.
Но, работите не се одвиваа како што посакуваа Корејците. Јужна Кореја загуби во полуфиналето од Азискиот куп, а за нив тоа беше доволно да му дадат отказ на Клинсман.
Исто така имаше информации за тепачки во репрезентацијата меѓу фудбалерите, што можеби исто така имаше влијание врз одлуката.