петок, 13 декември 2024

Јужна Кореја до Северна: Веднаш прекинете ја провокацијата со ГПС

Северна Кореја го попречува ГПС сигналот втор ден по ред, што влијае на авионите и бродовите во Јужна Кореја, објави јужнокорејската новинска агенција Јонхап, повикувајќи се на јужнокорејската војска.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Началникот на Здружениот генералштаб на Јужна Кореја (ЈЦС) ги советуваше бродовите и авионите кои оперираат во областа на Западното Море да бидат внимателни во врска со попречувањата на ГПС сигналите на Северна Кореја, пренесува Јонхап.

Здружениот генералштаб на Јужна Кореја ја повика Северна Кореја веднаш да ја прекине најновата провокација и предупреди дека ќе одговара за своите постапки, додаде Јонхап.

Нападите беа извршени во северните области на Хаеџу и Каесонг, изјави началникот на Здружениот Генералштаб, предупредувајќи ги бродовите и цивилните авиони кои оперираат во Жолтото Море да внимаваат на нападите. Воените операции и опремата не беа погодени, според ЈЦС.

„Северна Кореја треба веднаш да ја прекине провокацијата со ГПС“, соопшти ЈЦС.

Последните провокации се случија три дена откако јужнокорејската војска откри слична операција во вторникот. Сепак, нападите со попречувања оваа недела се послаби во споредба со повеќекратните напади што Северна Кореја ги изврши во близина на нејзините северозападни гранични области помеѓу 29 мај и 2 јуни кога околу 500 авиони и стотици бродови имаа проблеми со ГПС.

ГПС попречувањето се состои од емитување непознати сигнали кои ги заситуваат ГПС приемниците и ги прават неупотребливи за навигација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ