среда, 22 јануари 2025

Јувентус во 92. минута се спаси од пораз против Болоња (ВИДЕО)

Јувентус беше на прагот на пораз од Болоња и тоа во Торино, гостите водеа 2-0, но не успеаа да дојдат до трите бода, мечот заврши 2-2.

Објавено на

часот

Сподели

Болоња дојде во водство во 30. минута со гол на Ндоје. Тоа беше единствениот погодок во првото полувреме.

По само седум минути игра во второто полувреме Побега даде гол за водство на Болоња и од 2-0.

Во 62. минута Копмајнерс го намали водството на Болоња на 2-1 и го врати Јувентус во игра.

Се чинеше дека Болоња ќе дојде до победата, но тогаш по една убава акција, Мбангула даде гол за конечни 2-2.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ