вторник, 10 декември 2024

Јуриќ не дочека да разговара со новинарите, веднаш доби отказ од Рома

Рома реши да се раздели со тренерот Иван Јуриќ, стратегот доби отказ по поразот од Болоња на „Олимпико“.

Објавено на

часот

Сподели

Иван Јуриќ не издржа ниту два месеци на клупата на Рома, стратегот не успеа да се наметне откако беше именуван за наследник на Даниеле де Роси на средината од септември.

Резултатите беа очајни, навивачите незадоволни, имаше и тензија во соблекувалната, па денешниот пораз од Болоња ја натера управата на „волчицата“ да повлече потег.

Кратко по крајот на натпреварот, и пред Иван Јуриќ да има прилика да разговара со новинарите, Рома испрати соопштение со кое ја извести јавноста дека тренерот добил отказ.

„Сакавме веднаш да испратиме официјално соопштение“ – вели директорот Гисолфи.

„Сега ќе треба со ладни глави да размислиме и да ја донесеме најдобрата одлука за новиот тренер. Ова не е време за изговори, мораме да преземеме одговорност и сакам да им се извинам на навивачите, знам дека многу страдаа изминатиов период“.

„Целта на семејството Фридкин (сопствениците на Рома) е овој клуб да победува и тие ќе продолжат да вложуваат пари“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ