„Платите во ЈСП Скопје се на одобрување со доставени пресметки од овој месец со дополнителни работни часови, ноќна и прекувремена работа. Веруваме дека повторно постои политичка тенденција да се создаде вештачка криза таму каде што не постои“, се наведува во соопштението од ЈСП.
Вработени во ЈСП денеска најавија дека од утре од 4:30 часот во Скопје нема да има градски превоз бидејќи не им е исплатена јануарската плата.