„Град Скопје и ЈСП уште еднаш докажаа дека нема да дозволат политичките интриги да го блокираат нормалното функционирање на главниот град. Уште еднаш се покажа кој работи против интересите на граѓаните, но и против интересите на вработените во ЈСП обидувајќи се безпотребно да создаде хајка и тензија во ЈСП со цел граѓаните да останат без автобуски превоз“, се вели во соопштението од ЈСП Скопје.
Благодарение на субвенциите од Град Скопје, како што се наведува, ЈСП повеќе нема финансиски проблеми, нема никакви пречки во своето работење, а платите и обврските на претпријатието се исплаќаат благовремено и во законскиот рок.
„Град Скопје уште еднаш покажа дека нема да дозволи никој да ја блокира работата на јавните претпријатија и да им наштети на интересите на граѓаните. Уште еднаш на виделина се покажа кој работи против интересите на граѓаните, а кој во негов интерес, јасно е дека одредени структури во градот сакаат политички да се пресметуваат со градската администрација и вработените во ЈСП, а на штета на граѓаните“, стои во соопштението.