недела, 13 октомври 2024

ЈП Стрежево: ЗК Пелагонија го загрозува работењето на Стрежево

Објавено на

часот

Сподели

„Јавноста е веќе запозната со постоечкиот проблем со ЗК Пелагонија кој датира од 2015 година, кога се појави свлечиштето кај село Драгарино и го оштети главниот доводен канал за вода, преку кој се врши наводнување на 20.200 хектари обработливи земјоделски површини од Пелагонија и испорака на вода за граѓаните на општините Битола, Могила и Новаци, и цевководот Г-О, со кој се врши снабдување со сурова вода на термоцентралата РЕК Битола и индустријата.

Од почетокот на мојот мандат во 2017 година сериозно се зафатив заедно со раководниот тим и вработените со овој наследен проблем и големото свлечиште успеавме со големи напори да го санираме во 2018 година“, изјави директорот на ЈП Стрежево Методија Граматковски,

Се работи за судски спот кој се влече од 2016 година за претрпена штета на ЗК Пелагодина во 2015 година поради неможноста да се наводнуваат површините на комбинатот. Следуваа бројни пресуди на Основниот суд и на Апелацискиот суд во Битола и на Врховниот суд на Македонија.

Во јуни 2023 Апелацискиот пресудува во корист на ЗК Пелагонија, а од јули 2023 година предметот е на повторно одлучување во Врховен суд.

Стрежево по основ на судска пресуда треба да плати главен долг од 60.831.254 денари, камата од 45.184.139 денари и трошоци на постапката од 903.538 денари. ЈП успеа да го врати во целост долгот, во целост се исплатени судските трошоци и да врати дел од каматата во износ од над 19 милиони денари.

„Во овој момент Стрежево му должи на ЗК Пелагонија помалку од 26 милиони денари од вкупно 45 милиони денари камата, а сите други долгови се во целост подмирени“, вели Граматковски.

Но, на 1 август сметката на Стрежево – Битола е блокирана од ЗК Пелагонија. Судот потоа го прифати барањето ан ЈП Стрежево и сметката е одблокирана.

„Апелираме на разум кај раководство на ЗК Пелагонија. Треба да размислуваме заедно на планирањето на долгорочниот развој на водостопанската политика, да соработуваме во поглед на дистрибуцијата на водата во хидротехничката инфраструктура и развојот на македонското земјоделство каде ЗК Пелагонија со децении беше важен чинител.

Стрежево ќе продолжи по својот пат и со посветена, континуирана работа пропратена со минимум трошоци и максимално користење на сите расположливи ресурси ќе го надмине овој, а и сите други предизвици во иднина.

Раководството на Стрежево ќе ги преземе сите законски мерки и да не дозволи правните лица и земјоделците да се соочат со рестрикции на вода, граѓаните да имаат доволно вода за пиење, да не се загрози исплатата на плата на 250-те вработени, и ќе продолжи професионално и успешно да го води хидросистемот“, рече Граматковски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ