Во составот на Мајами го немаше нивниот најдобар кошакар, Џими Батлер, па Јовиќ ја презеде одговорноста и одигра како никогаш досега.
Србинот постигна 24 поени со кои беше најефикасен на мечот, имаше и седум скока и три асистенции, што е најдобра партија во досегашниот дел од неговата НБА кариера. Јанис Адетокумбо кај Милвоки реализираше 23 поени.
Резултати:
Бруклин – Бостон 110-118
Орландо – Оклахома 113-127
Милвоки – Мајами 97-123
Феникс – Сакраменто 130-125
Портланд – Минесота 109-121
ЛА Лејкерс – Детроит 125-111