вторник, 17 септември 2024
Нов брилијантен натпревар

Јокиќ со историска партија ја предводеше Србија до победа над Германија и бронзен медал

Кошаркарите на Србија ја добија пресметката против Германија во натпреварот за бронзен медал на Олимпискити игри, Никола Јокиќ испиша историја и стана само четвртиот кошаркар кој забележал трипл-дабл учинок.

Објавено на

часот

Сподели

Во малото финале на кошаркарскиот турнир во Париз, Србија ја совлада Германија со 83-93 и стигна до бронзениот медал.

И покрај исцрпувачкото полуфинале против моќните Американци, избраниците на Пешиќ одиграа нов брилијантен натпревар и заслужено обезбедија место на подиумот.

Србија водеше од првата до последната минута, на средината од третата четвртина дури имаше и +19. Германија на моменти покажуваше дека може да парира, но никако не успеваше да фати резултатски приклучок и победата на „орлите“ е сосема заслужена.

Прв играч на натпреварот беше Никола Јокиќ, кој испиша историја и стана само четвртиот кошаркар со трипл-дабл учинок на Олимписките игри по Александер Белов, Лука Дончиќ и Леброн Џејмс.

Центарот на Денвер мечот го заврши со 19 поени, 12 скокови и 11 асистенции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ