вторник, 8 октомври 2024

Љутков: ЈО не се огласува за наводната злоупотреба на буџетот од поранешната министерка за култура

Речиси еден месец по изнесените обвинувања во јавност за поранешената министерка за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска за трошење буџетски средства за приватни цели, се уште нема информации од Јавното обвинителство дали ќе отвори предмет.

Објавено на

часот

Сподели

Актуелниот  министер за култура и туризам, Зоран Љутков денеска потенцираше дека сè уште нема новости од Јавното обвинителство во врска со наводната злоупотреба на буџетски пари од неговата претходничка..

„Не, се уште немаме новости од Јавното обвинителство. Целата документација е испратена. Кога ќе не известат нас, веројатно ќе знаете и вие“, изјави Љутков за време на неговата посета на НУ Национална опера и балет, одговорајќи на новинарско прашање.

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини поранешната министерка Бисера Костадиновска-Стојчевска дека користела буџетски пари за приватни цели за време на нејзиното службено патување во Лондон, во октомври, минатата година. Веднаш потоа и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) отвори предмет по допрен глас. Костадиновска-Стојчевска на прес-конференција посочи дека ќе одговара ако се утврди неправилност, а во спротивно најави тужба против ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ