среда, 4 декември 2024

Јавното обвинителство итно ќе го расчистува настанот со сквернавењето на македонското знаме

Јавното обвинителство презема дејствија за расчистување на настанот со сквернавењето на македонското знаме на синоќешните прослави за Денот на албанското знаме, информираат од ЈОРСМ. 

Објавено на

часот

Сподели

„ Известен е јавен обвинител, се преземаат дејствија за расчистување на настанот, соопштуваат“ од ЈОРМ.

 

Со автомобили со развеани знамиња по улиците на Скопје и во други градови во земјата каде мнозинството граѓани се етнички Албанци, вчера и синоќа се одбележуваше Денот на албанското знаме. На видеоснимки, кои синоќа беа објавени од медиумите и граѓани се гледа како се кине македонското знаме и како врз него минува автомобил.

Во текот на ноќта и утрово партиите реагираат за сквернавењето на македонското знаме и бараат сторите да се казнат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ