среда, 9 октомври 2024

Јапонскиот министер за надворешни работи: „Азиското НАТО“ е само идеја за иднината

Идејата за „азиско НАТО“ која ја изнесе јапонскиот премиер треба да се разгледа на среден и подолг рок, но не сега, кажа новиот министер за надворешни работи Такеши Иваја.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Азиските земји изразија скепса и воздржаност во одговорот на повикот на премиерот Шигеру Ишиба, кој стапи на должност оваа недела, наведува Ројтерс.

„Мислам дека тоа е една идеја за иднината“, кажа шефот на јапонската дипломатија во Токио. „Тешко е веднаш да се постави механизам кој би наметнал меѓусебни одбранбени обврски во Азија, така што тоа е повеќе визија за иднината“.

Ишиба повика на формирање „азиско НАТО“, во кое јапонски трупи би биле стационирани на американско тло и каде би постоела заедничка контрола на нуклеарното оружје на Вашингтон што би служело како средство за одвраќање на нуклеарните соседи на Јапонија – Кина, Русија и Северна Кореја.

Индискиот министер за надворешни работи Субрамањам Џајшанкар порача претходно неделава дека јужна Азија не ја дели визијата за „азиско НАТО“.

На прашањето дали „азиско НАТО“ би било насочено против Кина, Иваја кажа дека таквата рамка не би била насочена против ниедна конкретна земја.

„Најдобриот начин би бил однос на соработка во областа на одбраната и безбедноста опфаќајќи го Индо-Пацификот без исклучување на која било земја“, кажа Иваја.

Новиот јапонски министер за одбрана, Ген Накатани, порача дека Ишиба не побарал од неговото министерство да продолжи со предлогот за воспоставување на азиски еквивалент на НАТО.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ