Прекуморската побарувачка за тој јапонски пијалак во последните години забрзано расте, а цените за ретките, одлежани видови виски се исклучително високи.
Истовремено кај произведувачите и потрошувачите расте загриженоста поради тоа што сè почесто пијалаци, кои понекогаш не се ни виски, на пазарот се продаваат со ознака „Јапонско виски“.
Поради тоа Јапонското здружение на произведувачи на алкохолни пијалаци и ликери (ЈСЛМА) донесе нова дефиниција на тој алкохолен пијалак, кој од 1 април е официјално во употреба по тригодишно одложување.
За нивните производи да ја носат ознаката „Јапонско виски“, произведувачите сега, меѓу другото, мора да користат вода од Јапонија, а нивните буриња мора да бидат складирани во Јапонија најмалку три години.
Полнењето на шишињата мора да се спроведува само во Јапонија, а алкохолот по волумен на вискито мора да изнесува 40 отсто.
Иако прекршувачите на новите правила нема да бидат санкционирани, произведувачите ги поздравија новите индустриски стандарди како начин да се заштити имиџот на нивните алкохолни пијалаци.
Во Јапонија работата околу 100 дестилерии чии производи имаат висока глобална репутација од 2000-те.
Вредноста на годишниот извоз на јапонското виски во 2022 година достигна 370 милиони американски долари, 14 пати повеќе од пред само 10 години.
Марките како Ника виски јоичи 10 и Јаматаки 12 освоија бројни престижни меѓународни награди, а вискито Хибики 17 на Сантори стана попупарно по филмот „Изгубени во преводот“.