понеделник, 14 октомври 2024
Изјава од ВМРО-ДП)МНЕ

Jaнушев: Поднесовме кривична пријава против лицето Оливер Спасовски

BМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава во Јавното обвинителство против лицето Оливер Спасовски, кој како поранешен министер за внатрешни работи е лично и директно одговорен за хаосот со личните документи, изјави Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ откако ја поднесе кривичната пријава. Тој објасни дека го товарат Спасовски бидејќи како министер за внатрешни работи, во период од околу две и ипол години издавал лични документи, иако знаел и бил свесен дека нивната важност нема да биде во рокот наведен во документите, туку дека 12 февруари годинава ќе им престане важноста.

Објавено на

часот

Сподели

„Спасовски во овој период, од 12.02.2019 па до средината на 2021 годинам свесно и директно раководејќи со Министерството за внатрешни работи, кое впрочем ги издава овие документи, нанесува штета на десетици илјади граѓани. И таа штета е и материјална и нематеријална штета. Две и пол години со ова однесување тој ја донесува во заблуда македонската јавност, граѓаните на Република Македонија. Впрочем тој врши злоупотреба на службената положба и овластувања, и несовесно работење во службата. И оваа кривична пријава впрочем се заснова на прекршување на членовите 353 став 1 и 353-в став 5 од Кривичниот закон“, изјави Јанушев.

Тој изрази очекување Јавното обвинителство да ја прифати кривичната пријава поднесена од ВМРО-ДПМНЕ и да отвори истрага за Оливер Спасовски бидејќи, како што нагласи, одговорност во оваа држава мора да има.

„Апелираме и очекуваме дека новоизбраниот Јавен обвинител на Република Македонија ќе покаже дека е професионалец, а не дека е продолжена рака на власта во заминување на СДС и ДУИ“, рече Јанушев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ