вторник, 18 март 2025

Јаневска: Наставникот треба да одлучи дали за време на часовите треба да се користат телефони

Општините се надлежни за училиштата и тие може да донесат одлука за забрана на мобилни телефони за време на наставата, изјави министерката Весна Јаневска, одговарајќи на прашање дали Министерството за образование (МОН) може да донесе општоважечка одлука откако родители бараат за време на часовите учениците да бидат без телефони во сите училишта, вклучително и во средните.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

„Согласна сум дека кога кај учениците нема мобилни телефони повеќе ќе се фокусираат на знаењето. Но, училиштата се под ингеренции на општините и општините заедно со менаџерите на училиштата заеднички ја носат таа одлука“, рече Јаневска одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција.

Посочи дека треба да се види дали дава резултати одземањето на телефоните од учениците и да се направи анализа.

„Но, секако, во ова денешно време може да има и потреба од употреба на такви уреди и при наставата. Па, оттука, наставникот, кој е носител на образовната дејност во училницата, ќе одлучи дали децата во тој момент ќе ги користат или нема да ги користат телефоните“, додаде Јаневска.

Советите на општините Аеродром и Центар донесоа препораки да се забрани користење на мобилните телефони од почеток до крај на наставата, со цел зголемување на безбедноста на учениците и подобрување на образовниот процес. Препораките се прифатени од училишните одбори и мобилните телефони од неодамна се забранети за учениците од училиштата во овие општини.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ