среда, 9 октомври 2024
ЦУК извести за три трагедии

Ја запалил куќата, се фрлил во базен и умрел, тројца во еден ден изгореа во различни пожари

Регионалниот центар ЦУК Штип известува дека има една жртва и при пожар на штала во с. Оџалија во Општина Карбинци. По добиената информација за пожар, на Единствениот повикувачки број 112 во ЦУК за запалена штала, околу пладне, и интервенцијата на пожарникарите е добиено известување дека едно лице настрадало при тој пожар во с. Оџалија во Општина Карбинци. Во пожар настрадаа уште двајца, а едниот од нив според првичните информации сам ја запалил куќата, се фрлил во базен и починал.

Објавено на

часот

Сподели

Настраданиот бил пронајден внатре во шталата, каде што најверојатно се задушил од чадот прво, а потоа и изгорел во пожарот до степен на непрепознатливост на идентитет и возраст.

На терен биле излезени пожарникарите на Територијалната противпожарна едница (ТППЕ) Штип и припадници на МВР од СВР Штип, од коишто веста е потврдена за ЦУК, а истрагата е во тек. Двете служби, субјекти во Системот за управување со кризи се излезени на лице место и вршат увид за причините на настанатиот пожар, а според стандардните оперативни процедури, секако и доктори од Итната медицинска служба и јавен обвинител ќе бидат вклучени во истрагата до конечниот извештај за оваа трагедија.

Инаку, од почетокот на ова деноноќие ова е трето лице настрадано од пожар. ЦУК рано утрово извести дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од ТППЕ Ранковце пронашле настрадано повозрасно лице при гаснењето на пожар на отворено сношти при интервенција од 20.30 до 00.10 часот во атарот на с. Псача. Потоа, имаше второ известување за настрадано лице при услови на пожар кога пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Македонска Каменица денеска во периодот од 07.20 часот до 10.35 часот интервенирале на пожар на запалена куќа во с. Косевица, во месноста „Реката”.

Регионалниот ЦУК Штип информираше дека има една човечка жртва при пожар на куќа во с. Косевица, во месноста „Реката”. Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Македонска Каменица денеска во периодот од 07.20 часот до 10.35 часот интервенирале на пожар на запалена куќа во с. Косевица, во месноста „Реката”. Интервенирано е со две протипожарни возила. Материјалната штета, според неофицијалните информации, била голема.

Материјалната штета, според неофицијалните информации, била голема. Причина за пожарот е намерно палење на куќата од страна на жртвата што била во негова сопственост. Според првичните информации од терен, жртвата по палењето на куќата, и самата зафатена од пожарот се фрлила во базен во којшто и починала. Точната причина за смртта ќе се знае по истрагата. Моментално, на лице место, се врши увид од страна на надлежни органи и институции.

Центарот за управување со кризи апелира да не се пали вегетација на отворено, превентивно да се внимава на причини за пожар по, куќи, станови и објекти и при евентуална појава на пожар што побрзо да се пријавува на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, како и другите итни случаи особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.

Истовремено, покрај постојаните апели од ЦУК, потребно и корисно е да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ