„Ако Иран нападне, ние очекуваме коалицијата да му се придружи на Израел не само во одбраната, туку и во напад на значајни цели во Иран“, кажа Кац за време на посетата на Ерусалим на министерот Дејвид Лами од Британија и Стефан Сежурн од Франција, пренесуваат агенциите.
Судејќи по соопштението на министерството за надворешни работи на Израел, Кац им кажал на тие министри дека неговата земја е спремна за договор за ослободување на заложниците, но дека палестински Хамас најверојатно ќе ги заостри барањата за време на преговорите кои вчера почнаа во главниот град на Катар, Доха во очекување на ирански напад.
Дипломатските обиди дека се спречи војната во Газа да се претвори во регионален конфликт беа засилени денес со заедничката посета на шефовите на британската и француската дипломатија на Израел додека се очекува да продолжат преговорите во Катар кои почнаа вчера.