петок, 4 октомври 2024

Израелски специјалци ја нападнале главната болница на југот на Газа (ВИДЕО)

Израелските специјални сили упаднале во болницата Насер во градот Кан Јунис на југот на Газа, соопшти израелската војска, тврдејќи дека има информации дека телата на израелски заложници би можеле да се во објектот, пренесува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Спроведуваме прецизни операции за спасување, како што сме правеле во минатото, при што нашите разузнавачки податоци укажуваат дека би можело да има тела на заложници“, објави војската.

Израелската војска не објави докази за овие тврдења. Портпаролот соопшти само дека „ИДФ спроведуваат прецизна и ограничена операции во болницата Насер“.

Министерството за здравство на Газа потврди дека израелските сили извршиле напад на главната болница во јужниот дел од енклавата. Болницата Насер беше главно отсечена од борбите кои траат со недели. Вчера илјадниците раселени Палестинци кои таму се засолниле почнале да бегаат откако Израел соопшти дека им отворил коридор за бегство.

Во текот на ноќта израелските војници убиле еден пациент и раниле шест други, соопштија лекарите. Израелските сили отвориле оган на главната болница во јужна Газа рано наутро, наводно додека војската се обидувала да евакуира илјадници раселени Палестинци од медицинскиот комплекс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ