петок, 29 ноември 2024

Израелски министер: Хезболах го прекрши примирјето, треба да го нападнеме Либан

Екстремно десничарскиот министер за национална безбедност на Израел, Итамар Бен-Гвир повика на продолжување на нападите врз Либан, каде што е постигнат прекин на огнот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Бен-Гвир изјавите за Либан и Појасот Газа ги даде во говор во Сдерот, израелскиот град најблиску до палестинската енклава.

Тврдејќи дека Хезболах го „прекршил“ прекинот на огнот, Бен-Гвир го повика премиерот Бенјамин Нетанјаху и повика на продолжување на нападите врз Либан.

Тој се залага за повторна окупација на Појасот Газа, каде Израел продолжи со нападите од 7 октомври 2023 година, и иселување на Палестинците кои живеат во регионот, што тој го нарече „доброволна миграција“.

Бен-Гвир е и единствениот министер во израелскиот безбедносен кабинет кој гласаше против договорот за прекин на огнот на 26 ноември во Либан.

И покрај неговиот приговор, кабинетот за безбедност го одобри нацрт-законот и прекинот на огнот меѓу Либан и Израел стапи на сила на 27 ноември, но и од либанската страна веќе доаѓаат обвинувања дека Израел го прекршил примирјето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ