среда, 6 ноември 2024

Израелски министер ги нападна ОН: „Бескорисни сте, вие сте пропадната организација“

Обединетите нации вчера објавија дека израелски тенкови пробиле врата на база во јужен Либан каде се стационирани мировни сили.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Привремените сили на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ) соопштија дека станува збор за намерен напад врз мировници, при што израелските војници пробиле една од нивните позиции.

Членот на израелската влада Илај Коен денеска ги нарече ОН „бескорисна сила“.

„ОН се неуспешна организација, а УНИФИЛ е бескорисна сила која не успеа да ја спроведе Резолуцијата 1701, не успеа да го спречи Хезболах да се етаблира во јужен Либан“, напиша Коен.

Резолуцијата 1701, усвоена по војната меѓу Израел и Хезболах во Либан во 2006 година, меѓу другите услови повикуваше на демилитаризирана зона, повлекување на израелската војска и разоружување на Хезболах, што во целост не се оствари.

Хезболах го зголеми своето воено присуство и вооружување, додека Либан го обвинува Израел дека не се повлекол целосно од либанските територии (северниот дел на селото Гаџар, фармата Шебаа и ридот Кфарчуба) и дека го нарушува интегритетот на неговите воздушни и поморски граници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ