вторник, 8 октомври 2024

Израелската армија изведува десетици напади врз Либан по убиството на лидерот на Хезболах

Израелската армија денеска соопшти дека изведува десетици напади врз Хезболах во Либан, два дена по убиството на моќниот лидер на проиранската организација Хасан Насрала во воздушен напад врз јужните предградија на Бејрут.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Израелската авијација „нападна десетици терористички цели на либанска територија во изминатите неколку часа“, изјави воениот портпарол на Телеграм.

Од саботата, израелската армија „погоди стотици терористички цели низ Либан“, додаде портпаролот.

Тој наведе дека во тие напади на мета биле местата од кои се истрелуваат ракети кон Израел, воени постројки и магацини за оружје.

Шиитската организација Хезболах, сојузник на палестинскиот Хамас кој војува против Израел во Газа, ја потврди смртта на водачот Насрала во саботата во невиден израелски напад врз упориштето на групата.

Смртта на човекот кој важеше за најмоќен во Либан е голема победа на Израел против Иран и неговите сојузници, премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху оцени дека се расчистени сметките со лицето одговорно за убиството на безброј Израелци и многу граѓани на други земји.

Нетанјаху тврди дека Израел го достигна она што изгледа како историска пресвртница во борбата против неговите непријатели.

Либан, Сирија и Иран прогласија неколкудневна национална жалост по смртта на Насрала, пренесува Франс прес.

Првиот потпретседател Мухамед Реза Ареф се закани дека убиството на Насрала ќе доведе до уништување на Израел.

Техеран во саботата повика состанок на Советот за безбедност на ОН да преземе итни и решителни мерки за да се запре израелската агресија и да се спречи вовлекување на регионот во општа војна.

Според израелското воено соопштение, командантот на јужниот фронт на Хезболах Али Караке и други функционери биле убиени заедно со Насрала во операцијата наречена „Нов поредок“. Извор близок до Хезболах ја потврди смртта на Караке.

Иранската новинска агенција ИРНА објави дека Абас Нилфорушан, заменик-лидерот на иранската револуционерна гарда, исто така бил убиен во нападот во петокот.

Њујорк Тајмс пренесува дека од крајот на Втората либанска војна во 2006 година, Израел изгради моќен разузнавачки апарат кој длабоко навлезе во Хезболах.

Во саботата во Либан загинаа 33 лица и 195 се ранети, соопшти синоќа тамошното Министерство за здравство.

И покрај силните израелски напади, Хезболах во саботата соопшти дека истрелал ракети на израелска територија, од кои повеќето биле пресретнати.

Израелските медиуми пренесуваат дека и денеска продолжило ракетирањето од Либан. Сирените се огласиле на северот на Израел и во Ерусалим, како и во Еилат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ