понеделник, 7 октомври 2024

Израелска војска: Убиен е Набил Каук, висок функционер на Хезболах

Израелската војска соопшти дека висок функционер на Хезболах, Набил Каук бил убиен синоќа во воздушен напад во либанскиот главен град Бејрут.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Како што беше соопштено денеска, Каук бил командант на „превентивната безбедносна единица“ на Хезболах и висок член на централниот совет на екстремистичката организација.

„Се верува дека бил близок до раководството на Хезболах и дека „директно бил вклучен во извршување на терористички напади против државата Израел и нејзините граѓани, вклучително и во последните денови“, соопшти војската.

Тој се приклучил на Хезболах кон крајот на 1980-тите и бил заменик, а подоцна и водач на областа на јужниот дел на Либан во извршниот совет, потоа и заменик-претседател на тој совет.

Борбени авиони го убиле Каук во бејрутското предградие Дахија, познато како упориште на Хезболах.

Во првата изјава по последната ескалација на конфликтот со Израел и по убиството на лидерот на Хезболах, Хасан Насрала во петокот, либанската армија повика на мир меѓу Либанците во, како што ја нарече, „опасна и деликатна фаза“, објави Асошиејтед прес.

Либанските владини претставници стравуваат од длабоки политички поделби во земјата кои би можеле повторно да разгорат секташки судири и насилство во малата медитеранска земја.

„Израелскиот непријател работи на спроведување на своите деструктивни планови за ширење поделеност меѓу Либанците“, соопшти армијата.

Воени возила се распоредени во различни делови на Бејрут додека илјадници раселени лица се движат од југ кон Бејрут.

Повеќе од 700 луѓе се убиени во Либан од 23 септември кога Израел ги засили нападите низ земјата и принуди десетици илјади да ги напуштат своите домови во јужен Либан и долината Бека на исток и предградието Дахија во Бејрут.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ