Цивилите се собирале околу пристигнатите камиони со хуманитарна помош во надеж дека ќе добијат храна, кога израелски тенкови и дронови почнале да пукаат во луѓето во западниот дел на Газа. Набрзо настанал хаос, а Палестинците соопштија дека е извршен масакр.
Израелски функционер кажал за Си-ен-ен дека трупите на израелската војска (ИДФ) пукале во луѓето кои се собрале околу камиони бидејќи „толпата се приближувала до војниците на начин кој претставувал закана, тие на заканата одговориле со оган. Инцидентот се проверува“.
Footage : documenting the Israeli army's firing at hungry people in #Gaza who were waiting for humanitarian aid to arrive, resulting in more than 150 deaths and over a thousand injuries this morning !#GazaStarving
pic.twitter.com/xV4Sy6fv1k— Nour Naim| نور نعيم (@NourNaim88) February 29, 2024
Камионите со хуманитарна помош се обиделе да избегаат од подрачјето, удирајќи се едни во други и газејќи преку луѓето, додале очевидци за Си-ен-ен.
Се очекува бројот на загинатите и повредените да расте бидејќи многу тела и луѓе се сè уште на улиците, а брзата помош стигнува има тешкотии да стигне до повредените поради урнатините.
Висок член на Хамас Изат ал Ришек порача дека убиството на цивилите кои чекале помош во Газа може да предизвика неуспех во преговорите за ослободување на заложниците и прекин на огнот.
„Преговорите не се отворен процес. Нема да дозволиме патот до преговорите да стане параван за континуирани злосторства против нашиот народ во Појасот Газа“, порача тој на Телеграм.