недела, 10 ноември 2024

Израел вели дека нападнал десетици цели на Хезболах на југот на Либан

Израелската војска соопшти денеска дека гаѓала десетици цели на Хезболах во малиот град Набатијех, на југот на Либан, каде што е упориштето на ова проиранско движење.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Израелската војска погодила „десетици цели на терористите на Хезболах во регионот на Набијатех“, се наведува во соопштението.

Наведено е дека се погодени инфраструктурата, командните центри на Хезболах и складиштата на оружје покрај цивилната инфраструктура.

Израелската војска додаде дека поморските сили погодија десетици други цели „во координација со копнените трупи“.

Гувернерот на Набијајех Ховаида Турк кажа дека денеска имало десетина израелски напади врз градот кој е упориште на две сојузнички шиитски движења – Хезболах и Амал. Тој рече дека во еден од нападите, врз седиштето на локалната власт, загина градоначалникот на Набијатех Ахмад Калил, а и „повеќе лица“, така што тоа бил „масакр“.

Либанскиот премиер Наџиб Микати го осуди „намерниот“ удар на состанокот на Градскиот совет на Набатијеху.

Израел рано изутрина го нападна од воздух и јужното предградие на Бејрут само неколку минути откако израелската војска издала наредба за евакуација. Војската соопшти дека погодила складиште на „стратешко оружје“ на Хезболах.

Израелската војска речиси еден месец откако ги почна нападите на Либан бомбардирањето го концентрира на јужното предградие на Бејрут, а ги гаѓа и  упориштата на Хезболах на истокот и на југот на таа земја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ