среда, 4 декември 2024

Израел уништи ирански конзулат во Сирија, убиен е висок командант

Израелски воени авиони денес го погодија иранскиот конзулат во Дамаск, а либански безбедносни извори тврдат дека во нападот е убиен висок командант на Иранската револуционерна гарда Мохамед Реза Захеди.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Репортери на Ројтерс на местото на настанот во округот Мезе во сириската престолнина јавија за урната зграда, чад кој се крева од урнатините и голем број возила на итните служби околу нападнатата локација.

Портпаролот на израелската војска кажа дека „не коментира извештаи на странски медиуми“.

Сириската државна телевизија потврди дека е нападнат иранскиот конзулат. Ирански медиуми претходно јавија дека е погодена зграда во близина на дипломатското претставништво, а тврдат и дека мети биле конзулатот и резиденцијата на амбасадорот.

Израел од почетокот на нападите на Појасот Газа ги засили и воздушните напади на Сирија, наводно гаѓајќи цели на движењето Хезболах и Иранската револуционерна гарда, сојузници на сирискиот претседател Башар ал Асад.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ