Бен Гвир е тврдокорен еврејски доселеник кој во минатото е осудуван за поддржување тероризам. Кажа дека оружјето и опремата ќе бидат дистрибуирани „во стотина градови кои имаат безбедносни тимови поврзани со граничните полициски сили на израелската полиција“.
Цивилните безбедносни тимови се грижат за безбедноста во малите градови и заедници, но на Западниот брег понекогаш ги напаѓаа Палестинците.
„Ќе го свртиме светот наопаку за градовите да бидат заштитени. Дадов упатства за масовно вооружување на цивилните безбедносни тимови“, кажа Бен Гвир.