среда, 11 декември 2024

Израел бомбардира бродови на сириската морнарица (ВИДЕО)

Израелските одбранбени сили (ИДФ) најавија напади врз сириските поморски средства, користејќи ги падот на Дамаск под контрола на вооружените опозициски групи и соборувањето на владата на Башар Асад.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Израелски воени бродови истрелаа проектили врз пристаништата Латакија и Ал-Бајда во изминатите 48 часа, соопшти синоќа ИДФ. Се додава дека за време на нападите 15 брода на сириската морнарица биле закотвени на пристаништата.

„Уништени се десетици проектили море-море со дострел од 80-190 километри“, напиша ИДФ на Икс, објавувајќи видео од нападите врз неодредени бродови.

Ал џезира објави фотографии од, како што рече, уништени бродови на сириската морнарица. Новинар на АФП во Латакија забележа дека чад доаѓа од најмалку три брода од советската ера вооружени со митралези и ракетни фрлачи.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху изјави дека ѝ наредил на ИД да ги „бомбардира стратегиските воени капацитети оставени од сириската армија, за да не паднат во рацете на џихадистите“.

Израелските трупи претходно напредуваа од Голанската висорамнина подлабоко во Сирија, проширувајќи ја територијата што ја окупираа од 1967 година. Министерот за одбрана Израел Кац рече дека ИДФ планира да формира „стерилна одбранбена зона“ во јужна Сирија со цел да ги спречи „терористичките групи“ да го искористат хаосот и да станат закана за еврејската држава.

Арапските земји и Турција ги осудија израелските операции, при што Саудиска Арабија тврди дека акциите на ИДФ дополнително ја дестабилизираат земјата разурната од граѓанска војна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ