понеделник, 14 октомври 2024

Груевски се спаси од затвор за набавката на луксузниот мерцедес

Поранешниот премиер Никола Груевски се спаси од затвор во случајот „Тенк“, а се однесува на набавката на луксузниот мерцедес, затоа што на 4 октомври настапува целосна застареност на пресудата за овој случај.

Објавено на

часот

Сподели

Поранешниот премиер Никола Груевски беше осуден на три години затвор за набавката на луксузниот мерцедес. Како што е предвидено со Кривичниот законик, делото за кое му беше изречена пресудата застарува кога ќе помине двојно време од должината на изречената пресуда, сметајќи од денот кога пресудата станала правосилна. Тоа значи дека по поминатите шест години од правосилната пресуда Груевски нема да ја одлежи казната затвор.

Но, сепак, на Груевски му остануваат уште две правосилни пресуди во кои е осуден на казна затвор.

Првата е пресудата на една и пол година затвор за случајот „Насилство пред Општина Центар“, која застарува во 2027 година, а втората е деветте години затвор за случајот „Плацеви на Водно“ која застаарува во 2043 година.

Во случајот „Тенк“ покрај Груевски беа осудени поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска на казна затвор од четири години и  поранешниот заменик министер Ѓоко Поповски осуден на четири и пол години затвор. И двајцата веќе ја одлежаа својата казна.

Претходно, на Груевски му застареа случаите „ТНТ“- за уривањето на комплексот „Космос“ и „Траекторија“ – за провизиите за изградба на автопатиштата.

Груевски останува обвинет уште во предметите за незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ во случаите „Талир 1“ и „Талир 2“ и во случајот „Титаник“, каде е обвинет за злоупотреба на пари за финансирање на изборната кампања и повреда на избирачкото право.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ