Како што соопшти денеска МВР, според пријавеното, измамата се случила на 1 ноември 2024 година кога лицето се претставило како вработено во МВР и му кажало дека ќе му помогне да го излечи неговиот син, а потоа и да го вработи, за што му ги побарал парите.
Оштетениот откако ги дал парите, забележал дека телефонот на лицето не бил достапен, по што сфатил дека е измамен.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.