среда, 4 декември 2024

Измамен 30-годишник од Желино при договор за закуп на плац и деловен простор

На 29.11.2024 година во 10.30 часот во СВР Тетово 30- годишник од с.Желино пријавил дека  бил измамен од Р.И. од с. Требош со кого се запознал преку социјална мрежа.

Објавено на

часот

Сподели

Тие се сретнале на место викано „Клисура“, со цел пријавителот да му даде под закуп плац и деловен простор на Р.И. од Требош.  За тоа нешто направиле нотарски договор, за сума од 250 евра и за користење во времетраење од 10 години, но по одреден период на пријавителот му дале да потпишува договори во повеќе наврати кај адвокат, при што му биле дадени парични средства во сума од 16.500 евра. Но поради тоа што настанале проблеми со неговиот сосед, кој му правел проблеми на Р.И. па не можел да го користи плацот, мислејќи дека ќе ги реши проблемите се сретнал со А.У. и побарал да му помогне. А.У  од него побарал да му го даде местото и склучиле договор и наведената сума на пари да му ја даде на него за тој да го користи местото, при што потпишале нотарски договор. Подоцна пријавителот ги запознал неговите членови од семејството, но од нивна страна му кажале дека бил измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ