Во биографијата на Милошески забележливи се реализираните скулптури во јавен простор меѓу кои: Скулптураи на Живо Чинко, Ристо Шишков, Кузман Шапкарев, Јоаким Крчоски, Спомен облежјето на Првото заседание на АСНОМ, Скулптура на Муза наменета за фасада на објектот „Стар театар“, скулптури наменети за фасадата на објектот на МНР, како и скулптура поставена на Интернационалниот балкански универзитет, сите во Скопје.
Слободан Милошески е роден во Охрид во 1977 година. Тој дипломирал на Факултетот за физичка култура во Скопје во 2001 година. Во 2009 година дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на вајарски оддел, а магистрирал на истиот факултет во 2011 година. Во 2018 година докторирал на Национална уметничка академија во Софија, Бугарија, на катедра „Скулптура“.
Тој е член на ДЛУМ од 2009 година, а во моментот работи како вонреден професор на Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.