Авторот Трипков повеќе од 20 години се занимава со истражување поврзано со улогата на симболите на Балканот. Неговите дела досега биле претставени на над 70 изложби низ светот.
Куратор на изложбата во Букурешт е историчарката на уметност Марика Теохаревска. Свеченото отворање на изложбата ќе биде на 8 декември, во рамките на манифестацијата „Ден на македонскиот јазик“, со која ќе биде одбележана и 80-годишнината од официјализирањето на македонскиот јазик.
Македонскиот јазик во Романија се чествува од 2018 година, со закон на предлог на Марија Венера Попеску, тогашен претставник на македонското малцинство во Парламентот на Романија.
Манифестацијата „Ден на македонскиот јазик“ во Романија, вклучително и изложбата на Трипков, финансиски е поддржана од Министерството за култура и туризам на Северна Македонија.