Изложбата ќе ја отворат Јарослав Лудва, амбасадор на Чешка во Македонија, директорот на музејот Ангел Коруновски како и Елица Николова, кустос советник во Народниот музеј Велес.
Петра Јовановска долг период од своето ликовно творештво го анализира кругот, како еден симболичен геометриски облик. За неа ликовниот израз се темели не само на симбиличното и карактеристично значење на овој геометриски облик, туку главната намера е кон ликовното делување према синтеза на ликовниот говор и истражувачки пристап на ликовните дела како уметничка креација. Оформената рамнотежа на овие геометриски форми во контекст на композиција, тон, боја, структура. Кругот за Петра Јовановска е симбол и воедно и творечка и животна филозофија.
Шарка Цоганова во сопствената креативна работа се фокусира на полето на алтернативната графика, особено на изразувањето на најдлабокото искуство што кореспондира со околната реалност. Се заснова на него, но не го опишува, го придвижува и го проширува на уметничко ниво сè повисоко. Нејзините дела се со неверојатна наративна вредност и се нежно разиграни, осветлени, но во исто време замислени и мрачни, но секогаш во исклучително култивирана боја. Таа работи во циклуси, каде што најдобро може да ја потврди оптоварливоста на своите теми.
Уметничкиот опсег на Вит Павлик е широк. Тој оди низ различни области на уметноста, барајќи взаемно влијание и комуникативни вредности. Амбициите на Вит се далеку од тоа да бидат ограничени на класичниот простор на рамка за слика или фотографија, иако во еден здив треба да се спомене дека токму овие уметнички дисциплини се неговиот важен уметнички израз. Во неговите акрили се појавува и архитектонската композиција на структурите што зборува за цврста композиција. Вит Павлик не води низ области на апстрактниот израз со една јака колоритна нота. Овој пат заедно да се обидат да направат визуелна приказна со ликовно прикажување на кружно поврзување кое ги наметнува симболот на кругот.
Кругот на Петра Јовановска ќе се надоврзе со нивните ликовни дела врз основа на заедничката селекција со цел да се направи уметничко поврзување. Круг како еден симбол кој за Петра Јовановска е бесконечна игра. Ликовниот проект е поддржан од Министерство за култура на Македонија и Амбасадата на Чешка.