„Приоритет на сите нас беше да се спасат домовите на самите луѓе за да нема поголема материјална штета. Она коешто денеска се констатира е дека има изгорено борова шума, а домови и друга инфаструктура нема оштетено“, вели Анастасов.
Прашан дали има голема материјална штета на фотоволтаичната централа, која е во непосредна близина на опожарената борова шума, Анастасов вели дека денеска ќе се утврдуваат колкави се штети од пожарите на територија на Општина Пробиштип.
Двата пожари во Пробиштипско се предизвикани по електрични празнења, односно од громови, за што сведочат и жителите на селата во чии атари беа пожарите.
Анастасов вели дека и денеска дежураат пожарникарите од ТППЕ-Пробиштип, забележано е тлеење на дрва, во опожарениот дел.