Од градот апелираат до Општина Кисела Вода да го прифати предлогот за меѓуопштинска соработка со Град Скопје за изградба на нов мега-парк на таа локација, како што нагласуваат, со цел оплеменување на опожарениот простор и заштита на животната средина.
„На овој начин жителите на општината ќе добијат нов зелен појас наместо запуштен простор, кој во моментов претставува опасност по животот и здравјето на граѓаните“, соопшти Град Скопје.
Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов претходно изјави дека со пожарот во Расадник зафатена е поголема површина со ореови дрвја, грмушки и трева и се шири во сите насоки, но оти нема да се прошири на околните објекти.