Топ модел Јуроп (TOP MODEL EUROPE), еден од најпрестижните меѓународни натпреварувања за модели во Европа, ќе има кастинг во Скопје на 13 октомври. Селекциите се организираат во 15 земји, а целта на натпреварот е да се откријат нови модели и да се промовира меѓународна кариера.
Модели од овие натпреварувања се веќе дел од промоциите на многу престижни брендови – Dolce&Gabbana, Jean Paul Gaultier, Balmain, Louis Vuitton, Cartier, Nina Ricci, Alexander McQueen, Balenciaga, Lacoste, Isabel Marant, John Galliano. Olivie Streli…
Натпреварот ќе има три категории: шоу модели, фото модели и спортски модели.
Финалето на натпреварот ќе се одржи во Париз.