Ивановски вели дека е максимално подготвен и очекува да заврши меѓу првата половина на натпреварувачи на трката.
„Целиот живот се подготвувам за овој настап. Овие три недели одлично ја темпирам формата. Мојата форма се зголеми и енергијата е прекрасна со сите спортисти околу мене. Се чувствувам подготвен за предизвикот. Очекувам да бидам во првата половина и да истрчам добра трка. Сакам цела Македонија да ужива“, изјави Ивановски.
Маратонската трка низ улиците на Париз започнува утре (сабота) со почеток од осум часот.