Ивановски кој е втор носител на турнирот, со 7-6 и 6-4 го совлада петтиот носител, Сандро Коп во меч кој траеше 2 часа и 18 минути.
Утре во полуфиналето ќе игра против Матис Ерхар (4.носител, Франција), кој со 2-0 во сетови (61 64) го совлада Ламберт Руланд (Германија). Утрешниот ривал се наоѓа на 341.место на АТП листата и има 21 година.
За Ивановски денеска ќе следува и четвртфиналето во конкуренција на двојки каде со Елдин Хусеиновиќ ќе играат против Американците Николас Бибел и Џејми Вејнси.